Наши Проекти
ЛИСТА НА ПРОЕКТИ И КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
Консалтинг за стратешки развој беше ангажиран за спроведување на консултантски ангажман во рамките на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, односно изработка на родово одговорни локални младински стратегии во четири општини кои притоа ќе обезбедат инклузивен, партиципативен пристап кој ги рефлектира различните потреби на различните популации на млади луѓе.
Консалтинг за стратешки развој како локален партнер одговорен за Република Македонија во соработка со CARE Balkans која е носител на проектот и партнерските организации од регионот: LINK од Босна и Херцеговина), ENECA од Република Србија) и Tehnopolis од Црна Гора, работи на спроведување на регионалниот проект Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI).
Главна цел на проектот „Организациска поддршка за зајакнување на локалната демократија“е зајакнување на користењето на механизмите на директната демократија за граѓанско учество на локално ниво. Консалтинг за стратешки развој преку низа истражувачки и партиципативни активности ќе направи анализата на овие механизми.
Консалтинг за Стратешки развој во наредниот четиригодишен период (2022-2026) ќе го имплементира проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“. Целта на проектот е да се обезбеди поддршка на одреден број на организации за поддршка на бизнисите со цел да ги подобрат своите услуги кон микро, малите и средни претпријатија.
Целта на регионалниот проект „ Социјални права на ранливи групи“ (СоРи) е да ги подобри условите за обезбедување еднакви социјални права за ранливите групи во избрани општини од Западен Балкан. Консалтинг за стратешки развој обезбеди услуги на ГИЗ за градење на капацитетите на Форумот за социјален дијалог од Тетово што се состои од …
Во 2017 година, УСАИД / Северна Македонија беше избрана за една од трите мисии на УСАИД ширум светот која доби средства за спроведување на програмата “За локалните работи” во Северна Македонија. Програмата “За локалните работи” е насочена кон креативноста и ресурсите на локалните заедници и овозможување на нивниот …
Програмата „Форуми во заедницата“ е десет годишен проект што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата во зголемувањето на нивната транспарентност …
