+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

ЗА НАС

КОИ СМЕ НИЕ?

Консалтинг за стратешки развој е компанија воспоставена во 2007 година во Северна Македонија и е една од ретките компании што е во сопственост на жени и раководена од жени.

Визијата на нашата компанија е КСР да заземе улога на двигател и сигурен партнер во развојот на просперитетни, еднакви, добро управувани и економски одржливи заедници и општества.

Мисијата на компанијата е КСР со своето знаење и експертиза во областите добро управување, локален економски развој, родова еднаквост да им нуди на своите клиенти – донатори, локални и странски консултантски компании и невладини организации, лепеза на услуги како раководење со проекти, истражувања и анализи и градење на капацитети, преку пристап до засегнатите страни во заедницата, користење на партиципативни методи и градење на партнерства.

Нашата цел е да ги привлечеме и задржиме извонредните таленти, и да му обезбедиме на нашиот тим професионални можности, фер плата и надоместоци како и да придонесеме кон одржување на здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Се раководиме според мотото дека колку сме поуспешни како бизнис, толку поголемо влијание може да имаме, а нашата крајна цел е да се осигураме дека Консалтинг за стратешки развој е одлично место за работа на одлична група луѓе.

НАШИОТ ТИМ

Кристина Хаџи-Василева

Извршна директорка

Кристина Хаџи-Василева

Никица Кусиникова

Партнерка

Никица Кусиникова

Александар Спасов

Раководител на програма

Александар Спасов

Анета Илиевска

Директорка за финансии и администрација

Анета Илиевска

Маја Смилевска

Раководителка на програма и мониторинг &  евалуација

Маја Смилевска

Росица Тошевска

Раководителка на програма

Росица Тошевска

Елена Тимчева

Програмска и административна координаторка

Елена Тимчева

Александар Колекески

Раководител на програма 

Александар Колекески

Валбона Морина Максут

Раководителка за управување со грантови

Валбона Морина Максут

Стојан Овнарски

Програмски и административен асистент

Стојан Овнарски

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Квалитет – бараме од себе исполнување на највисоките стандарди на квалитет и професионалност кои може да се постигнат. Во давањето услуги водени сме од техники за контрола на квалитет, надворешни и внатрешни критериуми.

Интегритет – ние сме чесни и имаме цврсти морални принципи. Сметаме дека секој во тимот има одговорност да се однесува етички и во согласност со сите применливи закони и правила. Ги почитуваме обврските и даваме отчет за сработеното.

Партиципативна методологија – користиме партиципативни методи кон развојот, со непосредно консултирање и вклучување  на клиентите. Целта ни е  да влееме чувство на сопственост за промените со што клиентите стекнуваат самодоверба и компетенции за самостојно раководење со новите системи и процеси и ефективно донесување информирани одлуки.

Анти-дискриминација – негуваме, поттикнуваме и ја зајакнуваме вредноста на недискриминирање на етничка, родова, расна, сексуална, религиска, возрасна и сите други основи, поддржувајќи ги ранливите и маргинализираните групи да бидат вклучени во активностите за иден напредок.

Општествена одговорност – ги препознаваме интересите на општеството како дел од својата бизнис стратегија со преземање одговорност за влијанието на своите активности врз квалитетот на животот на своите вработени и нивните семејства, како и врз подобрувањето на локалната заедница и целото општество.

Тимска работа – ги инспирираме луѓето да се менуваат, поттикнуваме акција преку отстранување препреки, овозможување конструктивни повратни информации, наградување и признавање и на напредокот и на постигнувањата.

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај нè

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.