Програма „Форуми во заедницата“
Преглед
Програмата „Форуми во заедницата“ е десет годишен проект што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки во нивната општина.
Од почетокот на Програмата во 2006 година, 59 општини (од вкупно 81 општина во Македонија) најмалку еднаш беа вклучени во процесот Форуми во заедницата, со што се обезбеди опфат од 73% на локалната самоуправа во државата.
Во период од десет години, Програмата имаше повеќе фази, при што 59-те општини спроведоа вкупно 111 форумски процеси од различен тип – проектен, меѓуопштински и буџетски форум.
Главна цел на Програмата е да се обезбеди поддршка на партиципативниот развој на заедниците на локално ниво.
Конкретни цели на Програмата:
- Вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво;
- Унапредување на капацитетот на локалната администрација во однос на процесот на децентрализација;
- Создавање партнерства помеѓу локалните засегнати страни;
- Подобрување на капацитетите на локалната заедница за развивање на проектот и буџети на општините, на транспарентен, партиципативен и отчетен начин;
- Унапредување на локалната социо-економска средина;
- Процес на селекција на општините за спроведување;
- Обука на модератори, комодератори и членови на оперативните групи за имплементација на форумските процеси;
- Средби за вмрежување и за пренесување на знаењата од процесот;
- Организирање на промотивни настани, видео и други промотивни материјали (прирачници, брошури, билтени, летоци, постери, итн.)
- Институционализација на форумскиот процес;
- Обука и сертифицирање на форумски модератори.
- Спроведени 111 форумски процеси од страна на 59 општини вклучени во програмата, некои од нив повеќе од еднаш;
- Промена на статутите на 59 општини и прифаќање на форумскиот пристап;
- Обучени 59 лица од општинската администрација (клучни лица) и 59 оперативни групи, вклучувајќи и други лица од општинската администрација, претставници од граѓанските организации, од бизнис и образовниот сектор и експерти, и успешна организација на форуми во рамките на нивните општини;
- Имплементирани 106 форумски проекти избрани од граѓаните што направија видлива промена во заедницата;
- Изградени капацитети на 5 големи граѓански организации, Консалтинг за стратешки развој и ЗЕЛС за управување со форумските процеси. Обучени многу мали/локални граѓански организации и стекнување искуство од форумскиот процес како алатка;
- Одржани 27 обуки за проектни, меѓуопштински и буџетски форуми, вклучително и две обуки за финансиски службеници во општинската администрација;
- Организирани 11 средби за вмрежување во сите фази на програмата;
- Обучени 37 форумски модератори и нивна сертификација од страна на ЗЕЛС.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Времетраење: декември 2007 – август 2017 година
- Вредност на проектот: 1.860.000 швајцарски франци
- Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC)
- Партнер: Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)
- Целни региони: на целата територија на Република Северна Македонија
- Корисници: граѓани од сите групи, општини, локалните власти и општинската администрација, граѓански организации, бизниси, образование, спорт и култура, здравство, земјоделство и други сектори