СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕВАЛУАЦИЈА „ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО“

ЗА АНГАЖМАНОТ

Консалтингот за Стратешки Развој како подизведувач и локален партнер на “IMPAQ International”,  а за потребите на УСАИД обезбеди експертска и логистичка поддршка во спроведување на евалуација на Проектот на УСАИД за граѓанско учество”.
 
Целта на евалуацијата е да се анализира ефикасноста на граѓанските организации поддржани од Проектот за граѓанско учество и да се утврди дали проектот ги постигнал очекуваните резултати поврзани со пристапувањето во ЕУ, владината транспарентност, антикорупцијата и владеењето на правото. 

 

Активности:
  • Учество и придонес во планирањето и осмислување на планот за евалуација на проектот;
  • Прибирање податоци и анализа (анализа на документи, спроведување интервјуа, фокус групи, работилници, анкети);
  • Редовна комуникација, координација и соработка со останатите членови на тимот за евалуација на проектот;
  • Поддршка во пишување на извештајот од евалуацијата на проектот;

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење:   27 октомври 2021 – 31 декември 2021
  • Вредност на консултантскиот ангажман: 16.770 УСД
  • Целни региони: Северна Македонија.
  • Клиент: IMPAQ International/AIR