Зајакнување на регионалното управување со миграциите
Преглед
Со цел тематско продлабочување на разбирањето на миграциските прашања меѓу сите релевантни партнери и заинтересирани страни во регионот, МАРРИ со поддршка на ГИЗ организираше по една рабтилница во секоја земја учесник на МАРРИ. На работилницата учествуваа претставници на национални администрации, локална самоуправа, меѓународни организации, истражувачки/академски институции и граѓанското општество кои дискутираа за управувањето со миграциите, особено во однос на Иницијативата и усвоената стратегија.
Активности:
- Придонес за концептуалниот развој на шесте национални работилници и регионалната конференција, вклучително и агенда и методологија на работилниците и конференцијата;
- Модерирање на шесте национални работилници и регионалната конференција, како дел од тим на модератори;
- Развој на капацитетот за ко-модераторите од Регионалниот центар МАРРИ;
- Документација на резултатите од работилниците и конференцијата;
- Поддршка за развој на услужни продукти за членките на МАРРИ.