+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

Подготовка на извештаи за квалитет на живот

Преглед

Проектот на УНДП „Подготовка на извештаи за квалитет на живот“ има за цел системски да го подобри дизајнот и испораката на локалните услуги и на тој начин да придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на земјата. Главната задача е дефинирана како: „Дизајн (и развој) на систем за проценка и следење на влијанието на услугите врз квалитетот на животот на граѓаните на општинско ниво“. Целта е да се подобри мониторингот и евалуацијата (М & Е) на испорака на локални услуги преку воспоставување на национални механизми за истражување и развој наменети за ЕЛС. Овие механизми ќе ја зголемат транспарентноста, пристапноста и квалитетот на испорака на услуги на општинско ниво. Активности: Предложените проектни активности се градат околу три главни компоненти:
  • Подобрување на мониторингот, дизајнирање и обезбедување на веќе децентрализирани услуги;
  • Помагање на општините да преземат нови услуги во согласност со инклузивните планови за локален развој;
  • Осигурување дека општините можат да обезбедат доволно приходи за испорака на сите потребни јавни услуги.
Резултати:
  • Спроведени 8 работилници за претставници од општини во сите региони на Македонија;
  • Изготвени 81 извештаи од сите општини во Македонија;
  • Изготвена веб платформа со податоци од различни категории од сите општини.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: ноември 2017 – мај 2019 година
  • Вредност на консултантскиот ангажман: 828,000 денари
  • Корисници: вработени во сите општини на Република Северна  Македонија
  • Целни региони: Целата територија на Република Северна Македонија
  • Клиент: UNDP

ЛИНК ДО ВЕБ ПЛАТФОРМАТА

kvaz.mk

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај нè

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.