+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

Воспоставување на бизниси во мултиетнички средини

Преглед

„Проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини“ е двегодишен проект за  поддршка на нови бизниси во сопственост на млади и жени од рурални мултиетнички средини во Република Северна Македонија. Поддршката е насочена кон процесот на основање и развој на микро бизниси, развој на соодветни производи и услуги, маркетинг на производите и услугите како и нивно поврзување со пазарот, промоција и продажба. Главната цел е подобрување на деловните пракси кај целните групи во двата региони и обезбедување долгорочни решенија за одржлив деловен раст и развој. Тоа ќе се постигне преку вклучување на разни ресурси во рамките на две компоненти на проектот:  Компонента што се фокусира на работа на терен: Оваа компонента претставува програма на активности за идентификување на повеќе различни бизнис-идеи и неформални економски иницијативи кај целните групи во двата региони. Истата има за цел да  обезбеди пакет-услуги за корисниците на проектот. Оваа поддршка доведе до формално регистрирање на бизнисите во сопственост на млади луѓе и жени и обезбеди здрава основа за солидни вработувања во руралните области. Компонента што се фокусира на институционално надградување: Втората компонента се консолидираше врз потоечката поддршка на почетни бизниси обезбедена од националните институции. За таа цел проектот соработуваше и воспостави партнерства со локални и регионални бизнис-институции и организации што нудат услуги и заеднички ги разгледаа препораките и решенијата коишто би требало да го олеснат одржливиот развој на бизнисите во руралните области. Проектот направи анализа и преглед на актуелните ограничувања и истите ги достави до националните институции како повратна информација. Резултати:
  • Воспоставени 50 нови микробизниси раководени од млади и жени;
  • Изготвени 128 бизнис планови;
  • 40 бизниси вклучени во процесот на менторирање со цел бизнис развој;
  • Елаборирани 6 анализи на политики и препораки за политики во однос на одржливи бизниси во соработка со релевантните институции ;
  • Создадени бизнис партнерства и врски со локални, регионални и национални пазари;
  • Изготвен модел за поддршка на самовработувањето во Република Северна Македонија и надминување на постојните бариери во критичниот период пред и по регистрацијата.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: јуни 2014 – април 2016 година
  • Вредност на проектот: 199.787 британски фунти
  • Корисници: Невработени млади лица и жени од рурални мултиетнички заедници кои имаат идеја за индивидуален бизнис и/ или кои веќе се занимаваат со некоја активност што обезбедува приход
  • Целни региони: Полошки и североисточен регион, Република Северна Македонија
  • Донатор: Британска амбасада во Скопје

ЛИНК ДО ПРОЕКТОТ

Каталог на микробизниси

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.