+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем

Преглед

Во соработка со проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем , Консалтинг за стратешки развој (КСР) како подизведувач на истиот, во период од 4 години (2018-2021) работеше на подобрување и развој на конкурентноста и продуктивноста на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија преку зајакнување на бизнис услугите, финансиите и пазарните врски, пред се на организациите за поддршка на бизниси, но и на приватните компании од земјоделскиот сектор и текстилната индрустрија.

Консалтинг за стратешки развој (СДЦ) презема одговорност за спроведување на активностите во 2 компоненти на проектот. Во првата комонента се обезбеди техничка и грантовска поддршка на организациите за поддршка на бизниси, преку менторство и обуки со цел градење на капацитетите и одржливост на организациите. Покрај ова како дел од другата компонента на проектот КСР беше дел од активностите за поврзувањето на малите производители и добавувачи со водечките фирми со цел нивен пристап до нови и безбедни пазари и со адресирање на потребата од работна сила во специфични струки го поддржа процесот на обука и вработување за невработени млади и возрасни, лица кои бараат преквалификација.

Активности:

  • Зајакнување на внатрешните капацитети и одржливост на организациите за поддршка на бизниси;
  •  Реализација на грантови и техничка поддршка на овие организации;
  • Преставување на нови услуги на организациите или надградување на постоечките;
  •  Вмрежување и размена на знаење преку организирање средби за вмрежување ;
  •  Набавка на машини за производство на текстил за потребите на 9 помали текстилни фабрики во земјава, во соработка со поголеми партнерски текстилни компании;
  •  Набавка на машина за чистење и пакување на компири за земјоделска компанија од Велес;
  •  Организирање и спроведување на 6 месечни обуки за 3Д моделирање и анимација, вклучително привлекување, тестирање, кариерно профилирање и избор на кандидати за учество во обуките.

Постигнати резултати:

  • 3483 ММСП помогнати преку имплементација на грантовите на организациите за поддршка на бизниси,
  •  3542 нови работни места отворени во асистираните ММСП,
  •  Просечен годишен раст од 12% кај приходите на асистираните ММСП,
  •  Просечен раст од 115% кај членството на организациите за поддршка на бизниси,
  •  2751 лице обучено за некоја нова вештина,
  •  235 ММСП поврзани со нови купувачи,
  •  144 подобрени процеси во здруженијата за поддршка на бизниси;
  •  9 компании за производство на текстил обезбедени со дополнителна опрема.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: март 2018 – јули 2021 година
  • Вредност на проектот: 367.000 USD
  • Корисници: Организации за поддршка на бизниси
  • Целни региони: на целата територија на Република Северна Македонија
  • Изведувач/ донатор: Palladium International LLC, USAID

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.