+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

Промовирање на енергетската ефикасност во општините

Преглед

Целта на проектот е градење на капацитетите на општинските власти за изготвување на општински акциски планови за енергетска ефикасност, согласно методологијата што се користи за развој на два урнеци – општински акциски планови. Тоа ќе се постигне преку дисеминирање на резултатите на проектот, техничката помош за промовирање на енергетската ефикасност во општините, вклучувајќи ги урнеците на општински акциски планови, студии на случаи, насоки и сл. на серија од работилници на кои беа спроведени обуки наменети за општинските власти и други засегнати страни. Поконкретно, активноста вклучува дисеминирање на резултатите од техничката помош и на општинските акциски планови за енергетска ефикасност за поширока употреба, како и пренесување на знаење и искуства преку работилници за обука и можности за репликација во сите општини (81) во Македонија. Активности:
  • Развој на методологија и временски план за активноста;
  • Подготовка, печатење и објавување на водич за енергетска ефикасност;
  • Развој и реализација на план за комуникација со медиуми;
  • Организирање на осум регионални работилници за обука низ цела Македонија за тоа како се изготвуваат ефикасни општински акциски планови за енергетска ефикасност;
  • Конечен извештај за имплементацијата, наоди и препораките за понатамошна дисеминација.
Резултати:
  • Подготовка, печатење и објава на водич (на три јазици: англиски, македонски и албански): „Како да подготвиме програма за енергетска ефикасност“ – седум чекори до енергетски ефикасна општина;
  • Спроведени 8 регионални работилници за обука со повеќе од 460 учесници;
  • Реализирана информативна и промотивна кампања преку повеќе национални и локални медиуми, интернет страници, социјални медиуми, итн.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: декември 2015 – март 2016 година
  • Вредност на проектот: 27.639 американски долари
  • Донатор: Светска банка
  • Партнер: Агенција за енергетика на Македонија, НАЛАС и Econoler
  • Целни региони: на целата територија на Република  Северна Македонија
  • Корисници: општини, локални власти и општинска администрација, плански региони, граѓански организации, бизнис и образовен сектор

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.