+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

Проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Северна Македонија 

ЗА ПРОЕКТОТ

Во соработка со три други компании, Консалтинг за стратешки развој (КСР) во наредните 5 години (2021-2025) ќе го спроведува „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Северна Македонија“.
Проектот ќе придонесе за:

1) подобрување на квалитетот на системите за наплата на општинските даноци и такси;
2) зголемување на општинскиот капацитет за пристап до надворешни ресурси од владата, меѓународни организации, пазари на капитал и банки;
3) подобрување на способноста на општините да планираат, управуваат и спроведуваат приходи од јавниот секторот во согласност со националните прописи;
4) унапредување на процесот на децентрализација.


Консалтинг за стратешки развој (СДЦ) презема одговорност за спроведување на активностите во компонента 3 на проектот: „Зголемување на стапката за извршување на општинските буџети“ преку која ќе се јакнат капацитетите на општините во процесот на планирање и извршување на општинскиот буџет на транспарентен и консултативен начин, кој ги вклучува и одразува реалните потреби на граѓаните и заедниците. Истовремено КСР преку активностите ќе придонесе за обезбедување на родова еднаквост и социјална вклученост и поддршка од приватниот сектор во буџетските процеси на локалната самоуправа. КСР ќе развие методи и алатки за поддршка на целокупното постигнување на целите на проектот.


Проектот е спроведуван од глобалната компанија Кардно со финансиска поддршка на УСАИД.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: јануари 2021 – јули 2025 годинa
  • Вредност на проектот (делот на КСР): 500.000 USD
  • Корисници: општините во Република Северна Македонија,
  • Целни региони: целата територија на Република Северна Македонија
  • Клиент: USAID

ИНФОГРАФИК

ЛЕТОК – „Мојот данок, за мојата општина“

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.