Обезбедување поддршка oд локална компанија за спроведување на стратегијата на УСАИД  

ЗА АНГАЖМАНОТ

Преку новата Стратегија на УСАИД за развој и соработка со  Република Северна Македонија 2021-2025 година, УСАИД е целосно посветена да продолжи со поддршката за државата и ќе соработува со локални чинители кои ќе бидат парнери на УСАИД и ќе ја водат и финансираат оддржливата благосостојба на земјата.

Основна цел на ангажманот е обезбедување на поддршка во дизајнот и вклучувањето на засегнатите страни кои ќе помогнат во насочување на новите програмски цели на УСАИД.

 

Активности:

– Изготвување извештаи во кои се идентификуваат институции/организации со значење, влијание и улоги во секоја од областите од Стратегијата;
-Олеснување на разговорите помеѓу УСАИД и засегнатите страни кои ќе овозможат УСАИД да ги идентификува и истражи потенцијалните ресурсни партнерства;
-Совети препораки за природата и деталите како да се реализираат потенцијалните ресурсни партнерства со институции/субјекти избрани од страна на УСАИД.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење:   септември 2021 – мај 2022
  • Вредност на консултантскиот ангажман: 68.192,00 УСД
  • Целни региони: целата територија на Република Северна Македонија.
  • Клиент: УСАИД

 

ГАЛЕРИЈА