Услуга за евалуација на граѓанската мировна служба на Kurwe Wustrow -„Конструктивно справување со минатото и градење мир во Западен Балкан“
ЗА АНГАЖМАНОТ
Консалтинг за стратешки развој спроведе евалуација на долгодишната програма за справување со минатотото, градење мир и зајакнување на локалните заедници „Конструктивно справување со минатото и градење мир во Западен Балкан“, спроведувана од Kurwe Wustrow и локални партнери во Западен Балкан.
Анализата ги опфати програмските активности во Северна Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, вклучувајќи го и придонесот на локалните организации-партнери меѓу кои Центарот за ненасилна акција (Босна и Херцеговина, Србија), Невладината организација Сезам (Босна и Херцеговина), Акција за ненасилство и градење мир (Косово), Центарот за балканска соработка - Лоја, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Здружението за мировна акција (Северна Македонија).
Целта беше да се процени ефективноста, релевантноста, влијанието и одржливоста на програмата, да се извлечат научени лекции и да се дадат препораки за идно стратешко насочување. Посебен фокус беше ставен на промените на индивидуално, организациско и системско ниво, како и на усогласеноста на програмата со потребите на заедниците.
Активности:
- Анализа на проектна документација
- Спроведување анкета
- Спроведување длабински интервјуа со засегнати/вклучени страни
- Спроведување фокус групи со засегнати/вклучени страни
- Подготовка на извештај со препораки
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Времетраење: ноември 2024- април 2025
- Вредност на проектот: 32,084 ЕУР
- Клиент: Kurwe Wustrow
