Спроведување на истражување за проектот „Организациска поддршка за зајакнување на локалната демократија“
ЗА АНГАЖМАНОТ
Главна цел на проектот „Организациска поддршка за зајакнување на локалната демократија“е зајакнување на користењето на механизмите на директната демократија за граѓанско учество на локално ниво.
Во насока на исполнување на посакуваната цел, Консалтинг за стратешки развој преку низа истражувачки и партиципативни активности ќе направи анализата на овие механизми, која ќе даде преглед на сегашните практики на учество на граѓаните во креирање јавни политики и донесување одлуки на локално ниво. Резултатите ќе покажат какво е однесувањето на различни чинители во однос на темата, што ќе помогне во изнаоѓање заедничи прифатливи решенија за локален напредок. Освен зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во криерањето на јавните политики на локално ниво, овој проект ќе придонесе и кон подобрување на нивната целокупна положба за ефективно застапување на интересите на целните групи, како и зајакнување на нивната институционална и финансиска одржливост.
Целни групи: граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа, неформалните групи и граѓаните.
Клучни активности:
- Десктоп анализа;
- Прибирање податоци (интервјуа, фокус групи, анкета);
- Обработка на податоците и изготвување анализа на механизамите за граѓанско учество;
- Изготвување документ за јавна политика.