Повик за ангажирање на обучувач(к)и/тим експерт(к)и за развој и испорака на програма за обука и менторство за жени претприемачки
Повик за ангажирање на обучувач(к)и/тим експерт(к)и за развој и испорака на програма за обука и менторство за жени претприемачки во Република Северна Македонија
Консалтинг за стратешки развој во рамки на проектот Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI) има потреба од ангажирање на искусни обучувач(к)и/тим од експерт(к)и кои што во времетраење од најмногу триесет (34) консултантски денови во периодот од ноември 2026 до февруари 2027 година ќе ги реализираат следните активности:
- Развој на програма за обука и менторство во две тематски области: финансиско управување и продажба за одржлив раст на бизнисот; и дигитален маркетинг, вештачка интелигенција и канали за продажба. Програмата е наменета за жени претприемачки, вклучително и жени од маргинализирани заедници, и треба да вклучува методологија за спроведување на работилниците, содржина и работен материјал (практични вежби, квизови и тестови за евалуација на знаењето пред и по обуките), соодветно прилагодени на различниот степен на знаење, писменост и дигитални вештини и на културниот контекст на учесничките.
- Спроведување на обуки во двете тематски области, за група од најмногу 32 учеснички. Обуките треба да овозможат стекнување практични знаења и вештини за подобрување на финансиското управување, зголемување на продажбата и приходите, како и за користење на дигиталниот маркетинг, вештачката интелигенција и дигиталните канали за промоција и продажба. Динамиката на спроведување на обуките ќе биде дополнително договорена, вклучително и временските интервали меѓу деновите од одделните обуки/работилници.
- Спроведување на менторски сесии во двете тематски области, за дополнителна поддршка на учесничките во примената на стекнатите знаења и решавањето практични проблеми во нивните бизниси. Менторството треба да придонесе кон подобрено финансиско управување и поголема одржливост на бизнисите, зголемен капацитет за продажба и генерирање приходи, како и зголемена дигитална видливост и поефикасна употреба на дигиталните алатки и канали за промоција, продажба и привлекување клиенти.
- Подготовка на финален извештај за спроведените активности согласно образецот обезбеден од Care Balkans и Консалтинг за стратешки развој. Извештајот треба да биде поднесен на англиски јазик.
ПОДОБНОСТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Ангажманот е отворен за правни (компании, асоцијации, здруженија и сл.) и за физички лица. За потребните документи за понудата, Ве молиме погледнете го прикачениот Опис на задачи (Terms of Reference).
Краен рок за поднесување на апликации: 12 ноември 2026 година.
Прашања поврзани со ангажманот може да се достават најдоцна до 6 ноември 2026 г. на следнава е-маил адреса: contact@sdc.com.mk. Бараните документи на англиски јазик треба да се достават на: contact@sdc.com.mk, најдоцна до 12 ноември 2026 г.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Објавен на: 30.10.2026
- Валиден до: 12.11.2026
- Се аплицира по електронска пошта, со документи за апликација на англиски јазик
