+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Постигнувања
  • Мултимедија
    • Актуелно
    • Видео Материјали
    • Галерии
  • en_GB
  • mk_MK
  • Контакт
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Постигнувања
  • Мултимедија
    • Актуелно
    • Видео Материјали
    • Галерии
  • en_GB
  • mk_MK
  • Контакт

Услуга за евалуација на граѓанската мировна служба на Kurwe Wustrow -„Конструктивно справување со минатото и градење мир во Западен Балкан“

ЗА АНГАЖМАНОТ

Консалтинг за стратешки развој спроведе евалуација на долгодишната  програма за справување со минатотото, градење мир и зајакнување на локалните заедници „Конструктивно справување со минатото и градење мир во Западен Балкан“, спроведувана  од Kurwe Wustrow и локални партнери во Западен Балкан.

Анализата ги опфати програмските активности во Северна Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, вклучувајќи го и придонесот на локалните организации-партнери меѓу кои Центарот за ненасилна акција (Босна и Херцеговина, Србија), Невладината организација Сезам (Босна и Херцеговина), Акција за ненасилство и градење мир (Косово), Центарот за балканска соработка - Лоја, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Здружението за мировна акција (Северна Македонија).

Целта беше да се процени ефективноста, релевантноста, влијанието и одржливоста на програмата, да се извлечат научени лекции и да се дадат препораки за идно стратешко насочување. Посебен фокус беше ставен на промените на индивидуално, организациско и системско ниво, како и на усогласеноста на програмата со потребите на заедниците.

Активности:

  • Анализа на проектна документација
  • Спроведување анкета
  • Спроведување длабински интервјуа со засегнати/вклучени страни
  • Спроведување фокус групи со засегнати/вклучени страни
  • Подготовка на извештај со препораки

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: ноември 2024- април 2025
  • Вредност на проектот: 32,084 ЕУР
  • Клиент: Kurwe Wustrow

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај нè

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.