Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан
ЗА ПРОЕКТОТ

Консалтинг за стратешки развој како локален партнер одговорен за Република Македонија во соработка со CARE Balkans која е носител на проектот и партнерските организации од регионот: LINK од Босна и Херцеговина), ENECA од Република Србија) и Tehnopolis од Црна Гора, работи на спроведување на регионалниот проект Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI).
Овој тригодишен проект е финансиран од Австриската агенција за развој (ADA), а неговата цел е да ги зајакне жените (особено оние од маргинализираните и ранливите групи) во четирите земји од Западен Балкан и да им обезбеди целосен пристап до нивните економски права преку поддршка на претприемачките активности на жените, поттикнување на нивната вработливост и креирање на поволна средина за економски развој.
Специфични цели
- Поддршка на жените претприемачки преку финансиска и техничка помош
- Зголемување на вработливоста преку стручна обука и развој на меки вештини
- Подобрување на средината којашто овозможува економско вклучување на жените
- Зајакнување на капацитетите на институциите за примена на родово-сензитивни политики и програми
Активности:
- Обуки за претприемништво, вработување и меки вештини
- Финансиска поддршка на жените за започнување и развој на бизнис
- Работилници за родовите норми и правата на жените
- Зајакнување на капацитетите на институциите и давателите на услуги
- Јавна кампања и информативни активности
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Времетраење: декември 2014 – ноември 2027 година
- Вредност на проектот: 271.891 ЕУР
- Корисници: млади жени на пазарот на труд, ранливи и невработени жени, женски ГО кои работат со маргинализирани заедници, даватели на стручно образование и обуки, финансиски институции, деловни здруженија, локални и национални институции и медиуми
- Целни региони: цела територија на Република Северна Македонија
- Донатор: Австриска агенција за развој









