Воспоставување на бизниси во мултиетнички средини
Преглед
„Проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини“ е двегодишен проект за поддршка на нови бизниси во сопственост на млади и жени од рурални мултиетнички средини во Република Северна Македонија. Поддршката е насочена кон процесот на основање и развој на микро бизниси, развој на соодветни производи и услуги, маркетинг на производите и услугите како и нивно поврзување со пазарот, промоција и продажба.
Главната цел е подобрување на деловните пракси кај целните групи во двата региони и обезбедување долгорочни решенија за одржлив деловен раст и развој. Тоа ќе се постигне преку вклучување на разни ресурси во рамките на две компоненти на проектот:
Компонента што се фокусира на работа на терен:
Оваа компонента претставува програма на активности за идентификување на повеќе различни бизнис-идеи и неформални економски иницијативи кај целните групи во двата региони. Истата има за цел да обезбеди пакет-услуги за корисниците на проектот. Оваа поддршка доведе до формално регистрирање на бизнисите во сопственост на млади луѓе и жени и обезбеди здрава основа за солидни вработувања во руралните области.
Компонента што се фокусира на институционално надградување:
Втората компонента се консолидираше врз потоечката поддршка на почетни бизниси обезбедена од националните институции. За таа цел проектот соработуваше и воспостави партнерства со локални и регионални бизнис-институции и организации што нудат услуги и заеднички ги разгледаа препораките и решенијата коишто би требало да го олеснат одржливиот развој на бизнисите во руралните области. Проектот направи анализа и преглед на актуелните ограничувања и истите ги достави до националните институции како повратна информација.
Резултати:
- Воспоставени 50 нови микробизниси раководени од млади и жени;
- Изготвени 128 бизнис планови;
- 40 бизниси вклучени во процесот на менторирање со цел бизнис развој;
- Елаборирани 6 анализи на политики и препораки за политики во однос на одржливи бизниси во соработка со релевантните институции ;
- Создадени бизнис партнерства и врски со локални, регионални и национални пазари;
- Изготвен модел за поддршка на самовработувањето во Република Северна Македонија и надминување на постојните бариери во критичниот период пред и по регистрацијата.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Времетраење: јуни 2014 – април 2016 година
- Вредност на проектот: 199.787 британски фунти
- Корисници: Невработени млади лица и жени од рурални мултиетнички заедници кои имаат идеја за индивидуален бизнис и/ или кои веќе се занимаваат со некоја активност што обезбедува приход
- Целни региони: Полошки и североисточен регион, Република Северна Македонија
- Донатор: Британска амбасада во Скопје