ЗА НАС
КОИ СМЕ НИЕ?
Консалтинг за стратешки развој е компанија воспоставена во 2007 година во Северна Македонија и е една од ретките компании што е во сопственост на жени и раководена од жени.
Визијата на нашата компанија е просперитетно, инклузивно, демократски управувано и одржливо општество.
Мисијата на КСР е да обезбеди експертиза во областите на добро управување, економски развој и родова еднаквост за раст и развој на компаниите, институциите и професионалните заедници.
Нашата цел е да ги привлечеме и задржиме извонредните таленти, и да му обезбедиме на нашиот тим професионални можности, фер плата и надоместоци како и да придонесеме кон одржување на здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Се раководиме според мотото дека колку сме поуспешни како бизнис, толку поголемо влијание може да имаме, а нашата крајна цел е да се осигураме дека Консалтинг за стратешки развој е одлично место за работа на одлична група луѓе.
НАШИОТ ТИМ
Управителка
Ко-сопственичка
Директорка за админ и финансии
Раководителка на програма
Координаторка за програма и комуникации
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Квалитет – бараме од себе исполнување на највисоките стандарди на квалитет и професионалност кои може да се постигнат. Во давањето услуги водени сме од техники за контрола на квалитет, надворешни и внатрешни критериуми.
Интегритет – ние сме чесни и имаме цврсти морални принципи. Сметаме дека секој во тимот има одговорност да се однесува етички и во согласност со сите применливи закони и правила. Ги почитуваме обврските и даваме отчет за сработеното.
Партиципативна методологија – користиме партиципативни методи кон развојот, со непосредно консултирање и вклучување на клиентите. Целта ни е да влееме чувство на сопственост за промените со што клиентите стекнуваат самодоверба и компетенции за самостојно раководење со новите системи и процеси и ефективно донесување информирани одлуки.
Анти-дискриминација – негуваме, поттикнуваме и ја зајакнуваме вредноста на недискриминирање на етничка, родова, расна, сексуална, религиска, возрасна и сите други основи, поддржувајќи ги ранливите и маргинализираните групи да бидат вклучени во активностите за иден напредок.
Општествена одговорност – ги препознаваме интересите на општеството како дел од својата бизнис стратегија со преземање одговорност за влијанието на своите активности врз квалитетот на животот на своите вработени и нивните семејства, како и врз подобрувањето на локалната заедница и целото општество.
Тимска работа – ги инспирираме луѓето да се менуваат, поттикнуваме акција преку отстранување препреки, овозможување конструктивни повратни информации, наградување и признавање и на напредокот и на постигнувањата.
