Дали и на локалните избори жените повторно ќе гласаат во помал број од мажите?
Северна Македонија влегува во нов циклус на локални избори – процес што претставува темел на демократското владеење и овозможува граѓаните директно да влијаат врз креирањето на јавните политики што го обликуваат нивното секојдневие. Но, покрај бројач на гласовите, локалните избори се и огледало на тоа колку нашиот систем е отворен и инклузивен за сите општествени групи. Во тој контекст, родовата еднаквост – особено во однос на излезноста и практикувањето на правото на глас – претставува суштински показател за зрелоста на нашата демократија.
