+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Постигнувања
  • Мултимедија
    • Актуелно
    • Видео Материјали
    • Галерии
  • en_GB
  • mk_MK
  • Контакт
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Постигнувања
  • Мултимедија
    • Актуелно
    • Видео Материјали
    • Галерии
  • en_GB
  • mk_MK
  • Контакт

Консултантска услуга за развивање локални младински стратегии во 4 општини

ЗА ПРОЕКТОТ

Консалтинг за стратешки развој беше ангажиран за спроведување на консултантски ангажман во рамките на проектот  „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, односно изработка на родово одговорни локални младински стратегии во четири општини кои притоа ќе обезбедат инклузивен, партиципативен пристап кој ги рефлектира различните потреби на различните популации на млади луѓе.

При изработка на стратегиите беа земени предвид наодите од спроведената детална анализа за социоекономското однесување на младите девојки и жени како и веќе постоечките програми и/или стратегии за млади на општините вклучени во проектот. Според наодите беше подготвен индивидуален пристап за изработка на стратегијата во секоја поединечна општина: Струга, Кичево, Валандово и Кавадарци

Во рамките на проектната задача беа спроведени следните активности:

  • Анализа на документи
  • Подготовка на алатки и пристапи за прибирање податоци
  • Спроведување на теренска работа за изготвување на стратегија (анкети, консултативни средби)
  • Изработка на 4 стратегии.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Времетраење: октомври 2024 - јануари 2025
  • Вредност на проектот: 418, 500 МКД
  • Клиент: Национален младински совет на Македонија

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај нè

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.