+389 2 3119 106
contact@sdc.com.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Повици
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • en_GB
  • mk_MK

ОГЛАС за ангажирање на координатор/-ка за комуникации и односи со јавност

Друштво за услуги Консалтинг за стратешки развој ДОО распишува

ОГЛАС

 за ангажирање на координатор/-ка за комуникации и односи со јавност за период од 12 месеци со можност за продолжување и месечна нето плата 43.000,00 МКД (плус придонеси)

Консалтинг за стратешки развој е компанија воспоставена во 2007 година во Македонија која испорачува широка лепеза услуги со цел исполнување на нашата визија – развој на просперитетни, еднакви, добро управувани и економски одржливи заедници и општества.

Консалтингот работи во 3 главни области: добро управување и децентрализација, родова еднаквост и локален економски развој преку дизајнирање и спроведување проекти, градење капацитети, оценка на програми и проекти и истражувања и анализи.

Бараме координатор/-ка чија главна задача е координирање и спроведување на комуникациските активности на компанијата и промоција на проектните и програмски активности и резултати. Координаторот/-ката ќе биде задолжен/а за:

  • развој на активности за односи со јавност со кои ќе се обезбеди видливост на компанијата и програмите/проектите кои ги спроведува:
  • ажурирање и спроведување на стратегијата за односи со јавност на компанијата;
  • развивање на информативни кампањи и комуникациски планови и распореди;
  • изготвување на комуникациски материјали (соопштение за медиуми, листа на факти, успешни приказни, инфографици, содржини за веб страна, постови за социјални медиуми, презентации, извештаи, промотивни материјали и видеа/фотографии);
  • соработка со медиуми преку одржување на дата база на контакти, редовна комуникација, организирање на средби за посета на проектни активности, фасилитирање при спроведувањето на јавни настани за медиумска покриеност, користење на традиционални и дигитални комуникациски канали и одржување на библиотека за медиумска покриеност;
  • одржување на веб страната и страните на социјалните медиуми на компанијата (Facebook, LinkedIn) и истражување на потребата од отворање на страни на други социјални медиуми со што би се зголемила видливоста на проектните/програмските активности;
  • комуникациско покривање на различни типови настани (обуки, средби за вмрежување, работилници, конференции и сл.);
  • соработка со клиенти, корисници и соработници ( јавни институции, продукциски компании, графички дизајнери и сл.);
  • собирање податоци и информации, наративен и визуелен приказ на истите,
  • извршување на административни задачи.

Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование (комуникации, односи со јавност, новинарство и сл.);
  • Најмалку 5 години работно искуство во координирање и спроведување на комуникациски активности/односи со јавноста. Искуство со донаторски проекти (особено на УСАИД) ќе се смета за предност;
  • Одлични усни и писмени комуникациски вештини;
  • Искуство во управување со содржини на дигитални медиуми (веб и социјални мрежи);
  • Одлична компјутерска писменост (Word, Powerpoint, Excel, Word Press и Canva). Кандидати со основни вештини за дизајн и користење на Adobe Illustrator и Photoshop ќе имаат предност;
  • Одлично познавање на англискиот јазик. Познавање на други јазици е дополнителна предност;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност да организира и планира, поставува приоритети и запазува рокови;
  • Ориентираност кон детали;
  • Важечка возачка дозвола.

Консалтинг за стратешки развој е посветен на развивање мултикултурна работна сила.

Заинтересираните за ова работно место се молат да испратат биографија и писмо за изразување интерес на англиски јазик по електронска пошта на следнава адреса:

contact@sdc.com.mk

најдоцна до 15 август 2022, 17.00 часот.

Понудите добиени по електронска пошта по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Објавен на: 27.07.2022
  • Валиден до: 15.08.2022
  • Се аплицира по електронска пошта

ДОКУМЕНТИ

ОФИЦИЈАЛЕН ПОВИК (пдф)

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2018 Консалтинг за стратешки развој 2018.