ПОВИК за консултантски услуги за проценка на потребите за развој на организации за поддршка на бизниси и поддршка во изготвување на концепти за грант апликации
Во рамките на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ Консалтинг за стратешки развој објавува
ПОВИК
за
КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА проценка на потребите за развој на организации за поддршка на бизниси и поддршка во изготвување на концепти за грант апликации
I. Краток опис на Проектот
Микро, малите и средни претпријатија во Северна Македонија сè уште се соочуваат со многу предизвици кои го попречуваат растот на приватниот сектор во земјата, како што се: ниската продуктивност, недостатокот на квалификувана работна сила, ограничениот пристап до финансиски средства и непредвидливо деловно опкружување. Ограничувањата поврзани со Ковид-19 негативно се одразија на растот на приватниот сектор. Дополнително, енергетската криза и војната во Украина донесоа нови предизвици кои резултираа со уште поголеми негативни последици за претпријатијата.
Со цел понатамошно зајакнување и унапредување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, во следниот четиригодишен период Консалтинг за стратешки развој (КСР) ја продолжува соработката со клучните засегнати страни од бизнис секторот и владините институции како имплементатор на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, понатаму во текстот Проектот.
Целта на проектот е да придонесе кон понатамошен развој на организации за поддршка на бизниси (ОПБ) со цел истите да ги зајакнат и ги подобрат своите услуги кон членките, микро, мали и средни претпријатија (ММСП). Очекуваниот ефект од поддршката е ОПБ да ги подобрат постоечките и/или да воспостават нови деловни услуги, придонесувајќи кон поголема одржливост на нивните членки при надминување на негативното влијание од економската криза, истовремено промовирајќи економско јакнење на жените и економска рамноправност.
II. Цели на повикот
Во рамките на втората цел за развивање на нови и подобрени услуги на ОПБ согласно потребите на нивните членки (ММСП), ќе се доделуваат грантови од кои дел ќе бидат наменети за одредени ОПБ. Освен преку грантови, ОПБ ќе бидат поддржани и преку активности за вмрежување и јакнење на нивните организациски капацитети. Со цел поддршка на процесот на подготовка на грант апликации и јакнење на капацитетите на ОПБ на кои ќе им бидат доделени грантови, КСР има потреба од ангажман на консултант/-ка или тим од консултанти за проценка на потребите за развој на не повеќе од пет (5) организации за поддршка на бизниси и нивна поддршка за идентификување на активности за подготовка на грант апликации преку преглед на нивните бизнис/стратешки планови.
III. Опис на задачата
Консултантскиот ангажман вклучува подготвување и спроведување на програма за дводневна работилница на која ќе учествуваат претставници од не повеќе од пет (5) ОПБ. Целта на работилницата е да се изготват нацрт концепти на грант апликации, преку преглед на бизнис/стратешките планови на ОПБ и идентификување на нови или подобрени услуги кон нивните членки (ММСП). Воедно, за време на работилницата потребно е да се детектираат и потребите за организациски развој на ОПБ.
Подетално, од консултантот/ката или тимот од консултанти се очекува, во соработка со претставниците на ОПБ, да го прегледа бизнис/стратешкиот план на секоја организација и врз основа на анализата и дискусиите со нив, да ги детектира потребите и областите за поддршка на нивните членки (постојни и нови) и да предложи решенија, односно активности за подобрување на постојните и развивање нови услуги на ОПБ наменети за нивните членки. Исто така, преку преглед на бизнис планот и други релевантни документи на бизнис здруженијата, се очекува консултантот да ги анализира постоечките капацитети, внатрешна поставеност, работните процеси, расположливи кадри, и сл., споредбено со бизнис целите и услугите наменети за членките на ОПБ и врз основа на наодите, да предложи препораки за развој за секоја од организациите кои ќе присуствуваат на работилницата. Имајќи предвид дека финалните продукти ќе бидат резултат на тимска работа помеѓу консултантот и секоја од организациите за поддршка на бизниси, се очекува задачата да се изврши на партиципативен начин. Понудата треба да содржи и методолошки пристап во кој се вградени насоките дадени во овој опис на задачата.
IV. Очекувани продукти
- Работен план за реализација на задачата, со методи за работа и временски распоред;
- Опис, програма и алатки за спроведување на работилницата;
- Нацрт концепти со развиени активности за грант апликации на секоја организација за поддршка на бизниси;
- Извештај со наоди за потребите за развој на секоја организација за поддршка на бизнисии предлог-мерки за задоволување на идентификуваните потреби;
- Извештај од дводневната работилница за ОПБ.
V. Временска рамка за извршување на задачата
За извршување на задачата се предвидени не повеќе од 6 дена во временска рамка од 5 март до 10 април 2023 г. Дводневната работилница е начелно планирано да се спроведе последната недела од март, 2023 г. Работниот план за реализација на задачата со методите на работа, како и програмата за спроведување на работилницата треба да се достават најдоцна 10 дена пред одржувањето на работилницата. Рокот за испорака на извештајот со наоди и предлог препораки за потребите за развој на ОПБ и извештајот од работилницата е 10 дена по спроведување на работилницата. Конкретните рокови за испорака на продуктите ќе бидат дефинирани во соработка со избраниот/та консултант/ка и ОПБ, и ќе бидат вклучени како дел од договорот.
VI. Критериуми за избор на најповолен понудувач
Критериуми и квалификации:
Избраниот/та консултант/ка или тим од консултанти треба да поседува професионална експертиза и искуство во следниве области и услуги:
- Експертско познавање во областа на проектен менаџмент и подготовка на грант апликации;
- Искуство во организациска дијагноза и анализа на потреби за организациски развој;
- Искуство во поддршка на ОПБ во изработка и следење на бизнис планови/стратегии за раст и развој;
- Познавање на состојбите во бизнис секторот, вклучително работата на ОПБ и ММСП.
Експертите треба да ги исполнуваат и обезбедат следниве професионални критериуми и докази за знаењето и искуството:
Академски квалификации:
- Универзитетско образование (по можност во менаџмент, економија или друго релевантно образование на темата). Повисокиот степен на образование ќе се смета за предност.
Професионално искуство:
- Најмалку 10 години професионално искуство во бизнис планирање и организациски развој;
- Најмалку 10 години професионално искуство во областа на проектен менаџмент и развивање на проектни/грант апликации;
- Искуство во спроведување на најмалку пет (5) работилници/обуки за развивање на проектни/грант апликации за организации за поддршка на бизниси и/или приватни компании;
- Најмалку пет (5) експертски ангажмани во областа на организациски развој за организации за поддршка на бизниси и/или приватни компании.
VII. Начин на аплицирање
Понудите треба да се достават на англиски јазик и да ги содржат следниве документи:
- Ажурирана и релевантна професионална биографија на експертите/ките;
- Предложена методологија и временска рамка за реализација на поедините чекори во рамките на задачата;
- Финансиска понуда изразена во УСД без вклучен ДДВ;
- Споредлива референтна листа со завршени најмалку пет (5) слични задачи.
Повикот е отворен за правни и физички лица.
Бараните документи треба да се достават на следнава е-маил адреса: contact@sdc.com.mk, најдоцна до 03 март 2023 г., до 12:00 часот. Некомплетните понуди нема да се разгледуваат за евалуација.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Повторно објавен на: 28.02.2023
- Валиден до: 03.03.2023- 12:00 часот.
- Се аплицира по електронска пошта