• Македонски
  • English
  • Shqip

Консалтинг за стратешки развој ДОО за потребите на реализацијата на своите проекти објавува

ОГЛАС

за ангажирање на асистенти на програма за период од 1 месец

Консалтинг за стратешки развој за потребите на реализацијата на активностите во рамките на своите програми има потреба од неколку асистенти на програма на определно време од 1 месец.

Главните обврски на асистените се однесуват на исполнување задачи за успешно спроведување на програмите. Под раководство на координаторите за програма, асистентите  ќе бидат задолжени за:

1. Давање поддршка на тимот во организирање настани како на пример:

  • подготвување списоци на гости/учесници,
  • испраќање покани,
  • фотокопирање материјали,
  • достава на материјали,
  • останата логистичка поддршка на самите настани.

2. Поддршка на работата на тимот во секојдневното спроведување на активностите:

  • телефонски повици,
  • писма, електронски пораки,
  • ажурирање на сајтот,
  • поддршка во подготовки на истражувања, анализи
  • организирање на посета на консултанти и сл.

Потребни квалификации:

  • завршено високо образование или последна година на студии. Доаѓаат предвид и лица со потреба од практикантски стаж;
  • интерес за работа во динамична средина;
  • одлична компјутерска писменост;
  • одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усно);
  • способност за ефективно пишување;
  • поседување комуникациски, организациски и вештини за градење тим;
  • флексибилност и толерантност како способност за работа под притисок и со кратки рокови;
  • важечка возачка дозвола.

Консалтинг за стратешки развој е посветена на развивање еднаквост и мултикултурна работна сила.

Заинтересираните за овој работен ангажман се молат да испратат биографија и писмо за изразување интерес на англиски јазик по електронска пошта на следнава адреса:

Консалтинг за стратешки развој

ул. Пиринска 45-2/13

1000 Скопје

e-mail: contact@sdc.com.mk

најдоцна до 13 февруари 2017.

Повеќе информации за Консалтингот можете да најдете на вебсајтот: www.sdc.com.mk

Понудите добиени по електронска пошта по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

    НАШИОТ ТИМ