• Македонски
  • English
  • Shqip

За нас

     КОИ СМЕ НИЕ?

Консалтинг за стратешки развој е компанија која воспоставена во 2007 година во Македонија и е целосно сопственост на жени и е раководена од жени. Нашиот тим се стреми да создаде услови за успешен демократски напредок на луѓето и заедниците.

Нашата визија е свет во кој заедниците и општествата стануваат попросперитетни, поеднакви и подобро управувани и економски поодржливи.

За да ја исполниме оваа мисија, ние создаваме средина која е успешна и ние ја развиваме компнијата во добро познат и сигурен партнер , со одличен експертски тим и силно портфолио во Македонија и во регионот на Западен Балкан.

Ние ги привлекуваме и ги задржуваме извонредните таленти, и му обезбедуваме на нашиот тим професионални можности, фер плата и надоместоци и здрав баланс меѓу професионалниот и приватниот живот. Колку сме поуспешни како бизнис, толку поголемо влијание може да имаме.

Ние ги вработуваме  и настојуваме да ги задржиме најдобрите луѓе и да создадеме придуктивна и мотивирачка работна средина за нив. Сакаме Консалтинг за стратешки развој да биде одлично место за работа на одлична група луѓе.


 НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Квалитет – бараме од себеси исполнување на највисоките стандарди на квалитет и професионалзиам кои може да се постигнат. Во давањето услуги водени сме од техники за контрола на квалитет и надворешни и внатрешни критериуми.

Интегритет – ние сме чесни и имаме цврсти морални принципи. Смеатме дека секој во тимот има одговорност да се однесува етички и во согласност со сите применливи закони и правила. Ги почитуваме обврските и даваме отчет за сработеното. 

Партиципативна методологија – користиме партиципативни методи кон развојот, го консултираме и вклучуваме клиентот и имаме за цел да влееме чувство на сопственост за промените, оставајќи ги доволно смирени со новите системи и процеси за да можат да раководат со нив без наша помош и сигурно и ефективно да донесуваат информирани одлуки.     

Анти-дискриминација – ние негуваме, поттикнуваме и ја зајакнуваме  вредноста на недискриминирање на етничка, родова, расна, сексуална, религиска, возрасна и сите други општествени поделби, поддржувајќи ранливи и маргинализирани групи да бидат вклучени во активности за иден напредок.

Општествена одговорност Консалтинг за стратешки развој препознава дека треба да ги земе предвид интересите на општеството како дел од својата бизнис стратегија со преземање одговорност  за влијанието на своите активности врз на квалитетот на живот на своите вработени и нивните семејства како и на локалната заедница и целото општество и нивно подобрување.  

Тимска работа – ние ги инспирираме луѓето да се менуваат, поттикнуваме акција преку отстранување препреки, овозможување контруктивни повратни информации и наградување и признавање и на напредокот и на постигнувањата.

    НАШИОТ ТИМ