• Македонски
  • English
  • Shqip

Услуги

  КАКВИ УСЛУГИ НУДИ КОНСАЛТИНГ ЗА СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ?

Консалтинг за стратешки развој испорачува широка лепеза услуги со цел исполнување на нашата мисија - да се создадат услови за успешен демократски напредок на луѓето и заедниците.

Консалтинг за стратешки развој изготвува, спроведува/раководи проекти и спроведува истражувања во следниве области: добро управување и децентрализација, локален економски развој и родова еднаквост. Персоналот на Консалтингот поседува повеќе од 10 години поединечно искуство во планирање, изготвување и спроведување проекти како и градење капацитети и набљудување.