Единицата за координација на форумите – ЕКФ во рамки на Програма „Форуми во заедницата“ спроведува обука на тема „Ефективно презентирање на општинските буџети пред граѓаните“. Оваа обука е наменета за сите вработени лица во секторот финансии и буџет во Едниниците на локалната самоуправа во Македонија.

Обуката има за цел зајакнување на капацитетите на општинските администрации со знаења и вештини за можностите за ефективно презентирање на општинските буџети пред граѓаните. На овој начин ќе биде овозможено граѓаните да бидат подобро информирани и вклучени во процесот на подготовка, донесување и реализација на буџетот на општината.

Пријава за учество на обуката може да поднесат лицата кои се вработени во Секторот за буџет и финансии во општини кои претходно учествувале во Програмата „Форуми во заедницата“ со спроведување на кој било вид на форум/и (проектен, тематски, меѓуопштински или буџетски).

Бројот на учесници е ограничен. Од една општина може да учествува само еден вработен. Изборот на учесници ќе се направи на тој начин што предност ќе имаат кандидатите кои први ќе се пријават, се додека не се пополни бројот на учесници.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 26 мај 2015 година со испраќање на писмо за интерес и кратка биографија по пошта на следнава адреса: ул. Пиринска бр. 45-2/13, 1000 Скопје или преку е-пошта на овие адреси: fisnik@fcu.mk со Cckristina@fcu.mk.

Обуката ќе ја испорача Здружението на финансиски работници и истата ќе се реализира во Скопје на 4 и 5 јуни 2015 година. За точната локација и програмата на обуката ЕКФ ќе ги информира дополнително сите избрани кандидати.

За дополнителни информации обратете се кај Фисник Шабани, Координатор на програма (тел. + 389 2 3119 106 и 072 224 674).