Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС во рамките на Проектот “Сертификација на форумските модератори“ го објавува ТРЕТИОТ ПОВИК за заинтересираните кандидати за полагање на испит и стекнување со сертификат за МОДЕРАТОР за спроведување на Форуми во заедницата. Испитот ќе се организира во два дела-писмен и устeн дел (работа на случај). Писменото полагање се состои од избор на 20 прашања (компјутерски одбрани) кои ќе се полагаат по електронски пат. Вториот дел од испитот ќе биде организиран во различен ден од писмениот дел, за што канидатите ќе бидат навремено известени.

За потребите на полагањето на испитот, ЗЕЛС подготви и Прирачник за полагање испит за сертифицирани форумски модератори, што ќе им биде доставен по електронска пошта на секој од пријавените канидати, по поднесувањето на документите за пријавување за полагање на испитот.

Пријава за полагање на испит може да поднесат кандидатите кои ги исполнуваат следниве услови, и тоа:
1. Да бидат полнолетни граѓани на Република Македонија;
2. Да имаат ВСС степен на образование;
3. Да поседуваат презентациски, модераторски и комуникациски вештини.

Напомена:
1. На повикот ги охрабруваме да се пријават и граѓани кои ги познавааат службените јазици во општините каде што има најмалку 20% од етничките заедници со цел овозможување на квалитетно модерирање на форумските сесии во заедниците каде што граѓаните говорат покрај македонски јазик и друг службен јазик на немнозинските етнички заедници.
2. На повикот може да се пријават и вработени во јавната администрација, вклучително и од локално ниво. (При тоа, останува условот дека со стекнатиот сертификат нема да може да бидат ангажирани за модерирање на Форумите во сопствената општина).

Заинтересираните кандидати заедно со ПРИЈАВАТА треба да достават и Писмо за интерес за стекнување на сертификат за модератор, како и Кратка биографија. Пријавувањето може да се изврши по пошта на следнава адреса:
ЗЕЛС, ул.Копенхагенска бр.5, 1000 Скопје, но и на следнава електронска пошта:contact@zels.org.mk.

Пријавувањето почнува на 29.04.2015 година, а трае до 08.05.2015 година.

Пријавените кандидати ќе треба да ја посетат воведната обука која е и прва фаза од процесот на полагање на испитот. Терминот ќе биде закажан минимум една недела пред полагањето на писмениот дел. Испитот ќе биде организиран во ЗЕЛС Тренинг Центарот-ЗТЦ, во зградата на ЗЕЛС ул.Копенхагенска бр.5., Скопје, а информација за терминот за полагање на писмениот и устниот дел, пријавените кандидати ќе добијат по електронски пат или со телефонско јавување.