Програмата „Форуми во заедницата“ претставува платформа за развој која има за цел: (1) граѓаните да го подобрат сопствениот живот преку свое учество и со сопствени идеи и 2) локaлните власти да развиjат транспарентно и отчетно владеење. Програмата има за цел да го поддржи граѓанското учество и развојот на заедниците на локално ниво преку организирање на форумски сесии. Преку буџетски форуми општината заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот буџет за 2016 година.

Право на учество имаат сите општини во Република Македонија кои претходно учествувале во Програмата „Форуми во заедницата“ со спроведување на кој било вид на форум/и (проектен, тематски, меѓуопштински или буџетски) и кои го имаат воведено форумот во Статутот на општината.

- Упатство за пријавување на Општините за Буџетски форум (.pdf)
- Пријава за Буџетски форум (.doc)

Правилно пополнетите формулари за пријавување со сите придружни документи треба да се достават до Единицата за координација на Форумите на долунаведената адреса по пошта или доставувач.

Единица за координација на форумите
ул. „Пиринска“ бр, 45/2/13
1000 Скопје, Република Македонија

Рокот за пријавување е 22 мај 2015 година.

За дополнителни информации обратете се на Ирена Спирковска, координатор за програма и односи со јавност (тел. + 389 2 3119 106).