Во рамките на Програмата на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) „Форуми во заедницата“, Единицата за координација на форумите – ЕКФ, бара понуда за обезбедување услуга за спроведување обука за финансиските работници во општините. Општата цел на програмата „Форуми во заедницата“ е да се подобри партиципативниот развој на заедницата и доброто локално управување преку примена на структуриран инструмент за граѓанско учество - Форуми во заедницата. Главна цел на ангажманот е спроведување 2-дневна обука за зајакнување на капацитетите на општинските администрации за ефективно презентирање на општинските буџети пред граѓаните.

Периодот планиран за спроведување на обуката е мај 2015 г. (2 дена).

На повикот може да се пријават консултанти (тим од двајца, компании или НВОа). Пријавените треба да достават кратка биографија (CV) на предложените двајца консултант/-и. Обучувач/ите (тимот) ќе бидат ангажирани за период од десет работни денови кои опфаќаат подготовка, спроведување и известување за обуката.

Консултантите/обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
• Завршено високо образование;
• Искуство во спроведување обуки;
• Познавање на процесот на буџетирање, јавни финансии и подготовка на општински буџети;
• Познавање на процесот на партиципативно учество во креирање на политики и носење на одлуки на локално ниво.

Понудата треба да го содржи следново:
• Писмо на интерес со јасно назначено име на поединците/организацијата/ компанијата (адреса, телефон, е-пошта);
• Кратка биографија (CV) на консултантите предложени за задачата;
• Цена (надомест по ден со сите вклучени трошоци). Понудата треба да вклучи најмногу 10 консултантски дена за реализација на задачата и треба да биде изразена во бруто износ во македонски денари.

Преземете го целосното барање за понуди (.pdf)

Понудите треба да се достават до 26-ти април 2015 година лично или по пошта на долунаведената адреса:

Единица за координација на форумите
ул. „Мајаковски“ бр, 17/12,
1000 Скопје, Република Македонија

или по е-пошта на овие адреси: fisnik@fcu.mk со Cc: kristina@fcu.mk.

Понудата која се доставува по пошта треба да е заверена со датум, печат и потпис на одговорното лице. Доколку понудата се праќа по е-пошта, документот со датум, печат и потпис треба да биде скениран.